Фудбал

Бартомеу за Сетиен: Веќе донесовме некои одлуки …

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу најави промени во клубот по поразот од Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим претрпе тежок пораз од минхенскиот гигант во борбата за полуфиналето на елитното натпреварување. Баерн славеше со убедливи 8:2.

– Беше тешка ноќ. Жал ми е за навивачите, играчите, сите … Ние не бевме на ниво, можам само да се извинам. Има веќе донесени одлуки, други ќе ги донесеме во наредните неколку дена. Ние ќе објавиме сè следната недела, кога ситуацијата ќе се смири. Сега е време да сумираме сè. Ова е разочарувачки резултат, изјави Бартомеу по мечот.

Фудбалската јавност очекува тренерот Кике Сетиен да биде отпуштен од работа.

– Не сакам да разговарам за тренерот. Како што реков претходно, многу решенија се веќе донесени пред продолжението на Лигата на шампионите, но сега не е време да разговараме за нив, додаде шефот.

Тимот од „Ноу Камп“ ја заврши сезоната без ниту еден трофеј.

Поврзани вести

Каталонците не се Јапонци: Барселона оставила хаос во соблекувалната во Прага

user5

Валверде му прости 36 милиони евра на каталонскиот клуб

Квалификации за ЕП 2020: С. Македонија брка три бода против Словенија

Влатко Зорба

Трој Дини нема да тренира заради здравјето на својот син

Интер ја демолираше Џенова и се врати на првото место во Серија А

Никола Поповски

Во Бока уверени дека Кавани ќе премине на „Бомбонера“