Фудбал

Бејл дојде повреден, Тотенхем ќе го чека уште долго!

Герет Бејл пристигна во Лондон денес на лекарски прегледи пред да го потпише договорот со Тотенхем, но не успеа да го заврши без проблеми.

Иако навивачите во Лондон имаа големи очекувања од него, ќе мора да почекаат најмалку еден месец за да бидат исполнети.

Реал Мадрид и Тотенхем се согласија на едногодишна позајмица за велшкиот репрезентативец, но лекарските прегледи открија проблем што ќе го задржи долго време надвор од конкуренција за тимот на „петлите“.

Фудбалерот се врати од својата репрезентативна должност повреден. Првите проценки се дека тој ќе паузира четири недели.

На тој начин, Жозе Мурињо нема да може да смета на него во тој период.

Поврзани вести

Алиоски ја спаси Македонија од пораз против Грузија

Влатко Зорба

Јуве и Лацио на 22 декември во Ријад за титулата во Суперкупот

Реал е подготвен да го пушти Бејл без пари

Влатко Зорба

ЛШ: Лајпциг – Атлетико и Аталанта – ПСЖ во четвртфиналето

Влатко Зорба

Солидарност во Италија: Екипите во Серија „А“ се согласија за намалување на платите

Влатко Зорба

Ристовски: Ќе играме во чуден термин, но како за нив, така и за нас (видео)

Никола Поповски