Фудбал

Белгијците прогласија шампион и го завршија шампионатот: УЕФА им се заканува со исфрлање од Европа

Белгиската фудбалска федерација ќе мора да добие од УЕФА специјална дозвола за суспендирање на шампионатот со цел да се избегне протерување на клубовите од европските натпреварувања, јавуваат медиумите.

Имено, Бордот на директори на Про Лигата во четвртокот донесе одлука да го прекине првенството поради епидемијата на коронавирусот, според која титулата ќе му ја даде на лидерот на Бриж, а за клубовите кои ќе одат во Европа, последователно, ќе одлучува формирана Комисија.

Сепак, оваа одлука, донесена само еден ден по состанокот на Извршниот одбор на УЕФА, не им се допадна на лидерите на европскиот фудбал од Нион, кои им порачаа на Федерациите да не го прекинуваат првенството бидејќи фудбалската сезона се очекува да продолжи во јули и август.

Претседателот на белгиската фудбалска федерација Меди Бајат беше повикан во петокот кај првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин, кој му предочил дека Белгијците ќе треба да ја преиспитаат одлуката и да го дадат последниот збор на УЕФА на следниот состанок на Извршниот комитет.

ФС на Белгија синоќа објави дека одлуката на Управниот одбор на Про Лига за суспендирање на првенството е „само препорака која била погрешно толкувана“ и дека останува на Генералното собрание да одлучи дали ќе ја прифати или не.

Значи, оваа одлука најверојатно ќе биде поништена и фудбалскиот клуб Бриж ќе мора да почека за прославата на титулата.

Поврзани вести

Јунајтед во Барса бара замена за Погба?

Влатко Зорба

Барса го загуби Дембеле за 6 месеци

Рома ќе ја спасува кариерата на Маријано Дијаз

Влатко Зорба

Почетино се сретна во Аргентина со легендарниот Марадона

Легенда на Јунајтед му препорача на клубот да го земе Озил

Влатко Зорба

Рој Кин смета дека борбата за титулата во Англија е завршена

Влатко Зорба