Фудбал

Боатенг казнет за напуштање на карантинот поради неговиот болен син

Баерн Минхен го казни својот играч Џером Боатенг за кршење на правилата за карантин и го напушти градот без одобрување на клубот.

Боатенг го напуштил Минхен за да го посети неговиот болен син, а на враќање доживеал сообраќајна несреќа.

„Боатенг ги прекрши правилата на клубот. Отиде предалеку од неговиот дом. Веруваме дека треба да бидеме пример за другите и затоа играчот ќе биде казнет со парична казна. Клубот ќе ги донира парите во болниците во Минхен“, се вели во соопштението на Баварците.

Искусниот фудбалер имаше оправдување за својата постапка.

„Јас би прифатил секоја казна на овој свет ако тоа е оправдано. Знам дека згреѓив што не го известив клубот дека сум на пат. Но, во тој момент размислував само за мојот син. Кога ќе ме повика, секако дека ќе заминам. Секој татко така би постапил“, оцени Боатенг.

Натпреварите во Бундеслигата во моментов се суспендирани поради пандемијата од коронавирусот.

Поврзани вести

Поранешен фудбалер на Реал Мадрид уапсен за трговија со дрога

Нејмар ќе добие два меча суспензија за да „скокне“ до прочуениот карневал во Рио?

Никола Поповски

Руди Гарсија е нов тренер на Лион

user5

Со кого Левандовски ја помина ноќта во кревет после финалето? (фото)

Никола Поповски

Бејл помина прегледи, ќе игра за Тотенхем

Александар Петровски

Манчестер јунајтед даде три гола против Норвич, но утна два пенала

Maja_Serafimova