Фудбал

Бомба во Англија: „Волците“ го победија Сити среде „Етихад“

Волверхемптон го победи шампионот Манчестер Сити со 2:0 на „Етихад“ и го направи најголемото изненадување сезонава во Премиер лигата.

Двата гола на натпреварот ги постигна Адам Траоре во 80. минута и во продолжението. Па така Сити сега заостанува 8 поени од Ливерпул и од првото место.

Тимот на Пеп Гвардиола дозволи втор пораз од почетокот на сезоната, „граѓаните“ имаат и едно реми.

Јирген Клоп и неговите играчи вчера го запишаа својот осми последователен успех, откако го совладаа Лестер со 2:1.

Поврзани вести

Бакари Сања: Мислам дека Погба ќе се врати во Јувентус

Газдите на Наполи размислуваат за отпуштање на Гатузо

Поранешниот клуб на Несторовски и Трајковски повеќе не постои: Згасна Палермо

user5

Саул пред првиот осминафинале натпревар од ЛШ: После Божиќ паднавме во форма, секогаш сме играле најсилно против најдобрите

Никола Поповски

Фудбалер на Монако доби ригорозна казна поради туркање на судија

Џибрил Сисе се враќа на терените

Stefanija Kuzmanovska