Фудбал

Бундеслигата повторно без публика

Бундеслигата повторно ќе се игра без навивачи откако беше прекинато привременото враќање на гледачите на фудбалските стадиони поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Германија.

Канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на 16 земји усвоија нови ограничувања во обид да се запре ширењето на вирусот.

„Мораме да дејствуваме сега“, рече Меркел, објаснувајќи ја одлуката за затворање на барови, ресторани, културни и спортски институции за еден месец од понеделник.

Професионалните фудбалски натпревари ќе се играат без навивачи од понеделник до крајот на ноември, додека аматерските спортови се целосно прекинати со исклучоци на индивидуален тренинг.

Натпреварите во Бундеслигата се играа пред ограничен број или без навивачи од почетокот на новата сезона, а клубовите се придржуваа до локалните ограничувања засновани на стапката на инфекција.

Борусија Менхенгладбах и Шалке претходно најавија дека нивните натпревари викендов ќе се играат пред празни трибини, исто како и вечерашниот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Зенит во Лигата на шампионите.

Германската агенција за контрола на болести претходно објави рекордни 14.964 новозарзени со коронавирус во претходните 24 часа.

Беа забележани уште 27 смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 10.098.

Поврзани вести

МИСЛЕВ ДЕКА СУМ МРТОВ, ПЛАЧЕВ ЦЕЛА НОЌ! Мбапе ја отвори душата по најголемиот успех во неговата кариера!

Stefanija Kuzmanovska

Намалувањето на месечните плати во Премиер лигата ќе ги ограничи приходите на здравствениот систем

Емери би можел да го замени Жардим на чело на Монако

Влатко Зорба

Манчестер сити ќе постави статуа во чест на Давид Силва

Италијанците сакаат да ја завршат Серија „А“ на 12 јули

Кој е рецептот на Роналдо за „летечките“ голови?

Влатко Зорба