Фудбал

Чистка во Арсенал, сменет спортскиот директор

Арсенал го замени спортскиот директор Раул Санлехи.

Санлехи, кој дојде во Арсенал во 2017 година од Барселона, рече дека е „горд и задоволен од неговиот придонес во последните три години“.

Арсенал изјави дека функцијата спортски директор ќе ја преземе извршниот директор Винај Венкатсешам, кој е во клубот од 2010 година.

Сепак, британските медиуми наведуваат дека е сигурно дека работата ќе ја врши техничкиот директор Еду.

„Топџиите“ планираат големи кратења и отпуштија 55 работници поради пандемијата на коронавирус.

Поврзани вести

Јувентус во јануари го ангажира Вилијан

Гатузо ќе остане во Наполи уште една сезона

Мурињо беше во право: Јунајтед го преплати Де Хеа

Влатко Зорба

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово

Златан тренира со нов клуб-Oд таму порачуваат: Остани со нас

Липи: Сезоната во Италија треба да се доигра