Фудбал

Далиќ потврди: Ракитиќ аут од составот за дуелот со Словачка

Хрватскиот селектор Златко Далиќ потврди дека Иван Ракитиќ нема да биде во составот на хрватската фудбалска репрезентација на дуелот со Словачка во Ријека, кој за светските вицешампиони е клучен во квалификациите за Европското првенство.

Играчот на Барселона дојде во Загреб да се поздрави со селекторот и колегите од националниот тим, но има воспаление на ахиловата тетива, и мора да одмора барем една недела, па веднаш се врати во Барселона, каде треба да ја продолжи терапијата. На Хрватите им треба најмалку бод за да го освојат првото место.

– Многу ми е жал што нема да играм, со нетрпение го чекав овој меч со Словаците. Уверен сум дека момчињата ќе успеат и без мене. И во Словачка победија без мене, верувам дека така ќе биде и сега, рече Ракитиќ.

Поврзани вести

Мане го напушта Ливерпул?

Влатко Зорба

Гвардиола: Јас не сум главната сила која ги привлекува играчите во Сити

Бонучи влезе во Топ 10 по бројот на натпревари за Италија

Влатко Зорба

Разочарување во Јунајтед по разговор со Тијаго

Stefanija Kuzmanovska

Кои се плановите на Тони Корс?

Stefanija Kuzmanovska

Реал ги нуди Бејл, Крос или Иско како дел од договорот со Погба

Влатко Зорба