Фудбал

Џо Харт ги шокираше фановите со физичката подготвеност

Поранешната единица на Англија и Манчестер Сити, Џо Харт, кој сè уште бара клуб, пријатно изненади многу навивачи со своето извајано тело. Тој се пофали на својот Инстаграм и испрати мотивациска порака за време на тешкиот период од неговата кариера.

„Сè што можам да направам во овој момент е да го натерам човекот во огледалото да работи уште посилно“, напиша Харт, откако постираше неколку фотографии од салата.

Иако тој оствари 266 настапи за Манчестер Сити и 75 за Англија, Харт беше на позајмица од Манчестер Сити во различни клубови во последните сезони, а потоа го продаде на Барнли кој реши да не го обнови неговиот договор кој истече во јуни.

Харт во моментов е без клуб и без реални понуди, што е навистина изненадувачки за многу добар 33-годишен голман, за кој сепак е познато дека е склон на грешки. На крајот на краиштата, тоа го чинеше место во Сити и Англија.

Кога веќе не може со одбрани, Харт го привлече вниманието на јавноста со интригантни фотографии на профилите на неговите социјални мрежи …

Поврзани вести

Познати имињата на сите номинирани играчи на „Златна топка“

Влатко Зорба

Ули Хенес: Постоеја одредени струи во екипата кои не сакаа Нико Ковач да остане тренер

Евертон и Арсенал сакаат да го доведат Рабио

Хајнкес: Не мислам дека цената на Лерој Сане е оправдана

ЛШ: Аталанта на чекор до четвртфиналето, Лајпциг славеше во Лондон (ВИДЕО)

Александар Петровски

Не можеме да си дозволиме Меси да се повреди на тренинзите, тврди играч на Барселона

Никола Поповски