Фудбал

Двајца кандидати за позицијата на Гвардиола во Сити

Ситуацијата во Манчестер Сити се чини дека не е јасна по казната што ја доби клубот од УЕФА. Според голем број медиуми на Островот, неизвесна е иднината на Пеп Гвардиола, а „Телеграф“ дури тврди дека фаворити за неговото место се Маурисио Почетино и Брендан Роџерс.

Шпанскиот стратег има договор до летото 2021 година, но најверојатно ќе ги напушти „граѓаните“ порано. Сити ќе бидат аут две години од евро турнирите и ќе мора да платат казна од 30 милиони евра за бројни прекршувања на финансискиот фер-плеј во периодот 2012-2016 година.

Доколку Арбитражниот суд не ја укине или ублажи казната изречена за Сити за нарушување на финансискиот фер-плеј, „граѓаните“ ќе можат да играат во Лигата на шампионите едвај во сезоната 2022/23.

Во моментов Сити е на 25 бода од лидерите во Премиер Лигата, Ливерпул и неодамна Гвардиола изјави дека неговата сезона би била неуспех доколку не ја освои ЛШ. Таму во 1/8-финалето ги чека Реал Мадрид.

Поврзани вести

Мбапе за Ливерпул: Тие се машини

Влатко Зорба

Барселона ќе се вклучи во трката за потписот на Обамејанг

Влатко Зорба

Александар Влахо си поднесе оставка и не е веќе тренер на ФК Работнички

Maja_Serafimova

Гвардиола: Мора да бидеме на високо ниво против Реал Мадрид

Роналдо се огласи по победата над Милан

Јунајтед ремизираше со Вулверхемптон во дебито на Фернандеш

Влатко Зорба