Фудбал

Емери: Тимот не го сакаше Озил за капитен

Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери изјави дека за време на престојот во клубот, го критикувал ставот и посветеноста на фудбалерот Месут Озил.

Тој додаде дека тимот не сакал тој да биде капитен.

Емери беше отпуштен во ноември, по најлошата серија на клубот од 1992 година. Тој беше привремено заменет со Фреди Љунберг, а потоа тимот го презеде Микел Артета.

За време на престојот на Емери во Арсенал, Озил беше незадоволен затоа што одигра само еден натпревар во Премиер лигата од првите 10 во сезоната. Емери рече дека се обидел да му помогне на германскиот фудбалер.

„Тој исто така треба да биде самокритичен, да го земе во предвид неговиот став и посветеност. Се обидов сè што можам за да му помогнам на Озил. Јас секогаш бев позитивен, сакав да игра. Во подготовките му реков дека сакам да му помогнам да биде најдобриот Озил. Сакав тој да биде активно вклучен и посветен. Го почитував и мислев дека може да помогне“, изјави Емери за „Гардијан“.

„Можеше да биде капитен, но тимот не го сакаше тоа. Јас не решив за тоа, тоа го решија играчите. Капитените се тие што треба да го бранат клубот, тренерот, соиграчите“, додаде тој.

Поврзани вести

Меси може да пропушти три натпревари во Барселона поради карантин

Stefanija Kuzmanovska

Сити ќе му изгради статуа на Силва

Влатко Зорба

Барса се уште се надева дека ќе го доведе Лаутаро

Пиоли среќен што остана тренер на Милан

Влатко Зорба

Судот ја укина суспензијата на Манчестер!

Влатко Зорба

Икарди го избира Наполи?