Фудбал

Ериксен: Прашајте го Конте зошто не играм

Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен пристигна во Интер како големо засилување, но тој не игра фудбал во дресот на „сино-црните“.

Всушност, Антонио Конте му дава многу малку минути на теренот и многумина се прашуваат зошто е тоа така.

Кога новинарите го прашаа Ериксен какво е неговото мислење по тој повод, тој покажа со прст кон тренерот.

„Зошто не играм? Тоа е прашање за тренерот. Повикајте го Конте и прашајте го. Тој е тој што донесува одлуки. Подеми и падови се нешто што е нормално во фудбалот. Ретки се оние кои биле на врвот во текот на целата кариера“, рече Ериксен за веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Данска.

Поради малата минутажа, секој негов чекор на теренот е „под лупа“ и оттаму има многу критики.

„Не обрнувам многу внимание на критиките и на она што луѓето го зборуваат и прават. Секој има свое мислење, особено овде во Италија. Треба да ги слушате луѓето околу вас, другите не се толку важни“.

Интересно одговори на прашањето каде може да ја заврши кариерата. Тој смета дека ќе биде таму каде што започна.

„Не ја исклучувам таа можност. Купив куќа во Одензе, мислам дека мојот дом ќе биде таму. Да, би можел да ја завршам кариерата таму, зошто да не“, рече Ериксен.

Поврзани вести

Агуеро: Не ги разбирам оние што го критикуваат Меси за играњето во националниот тим, тој е првиот кој страда од неуспеси

Меси ја нападна Барса поради Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

Влатко Зорба

Јунајтед и Челзи во ЛШ, Тотенхем во Лига Европа

Влатко Зорба

Без публика дуелот меѓу ПСЖ – Борусија во Лигата на шампиони

Ибра ќе биде подготвен за дербито со Рома

Влатко Зорба

Пулишиќ се запиша во историјата на Челзи по „хет-трикот“ против Барнли

Влатко Зорба