Фудбал

Ето: Го воспитував Меси како мој син

Поранешниот фудбалер на Барселона и Интер, Самјуел Ето, беше интервјуиран пред судирот меѓу двата тима на Лигата на шампионите. Тој се сети на успесите со двата клуба, ги коментираше нивните тековни состојби и сподели љубопитни вести за sвездата на Каталонците – Лионел Меси.

„Барселона ја започна сезоната лошо затоа што Меси речиси не игра. Ако тој игра, ќе ја видите вистинската Барселона. Се надевам дека тој нема да игра против Интер, поради мојата љубов кон двата тима, изјави Ето за „Газета дело Спорт“.

„Го воспитував Меси како мој син. Имам голема почит кон Марадона, но играчите кои постигнаа најмногу голови во современиот фудбал се Роналдо Назарио, Меси и Кристијано Роналдо“.

„Барселона беше причината, која ми дозволи да го исполнам сонот на милиони африкански момчиња и ги натера да веруваат дека се е можно во животот. Во Интер ова беше потврдено, тоа беше мојот следен чекор. Освоив две последователни „требла“ со два различни клуба. Мојот сон сега е да ја споделам радоста на навивачите на Интер со освојувањето на нивниот следен трофеј од Лигата на шампионите во „Сан Сиро“, додаде Камерунецот.

Ето, исто така, сподели дека Ромелу Лукаку ќе придонесе за тимот на и надвор од теренот. Тој зборуваше и на темата расизам.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави нешто многу важно на гала вечерта за „The Best“. Без повеќе да зборуваме на оваа тема, потребна е акција. Мора да има строги казни, не само глоби“, заклучи напаѓачот.

Поврзани вести

Бекам му нуди двојно поголема плата на Модриќ за да се пресели во Интер Мајами

Тоти за враќањето во Рома: Никогаш не кажувај никогаш

Влатко Зорба

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Нејмар: Односот со навивачите на ПСЖ се движи во позитивен правец

Никола Поповски

Анчелоти: Знам дека сите во Евертон едвај чекаат да победат против Ливерпул

Виери: Во Мадрид се забавував секоја вечер, и повторно бев прв стрелец на Примера

Влатко Зорба