Фудбал

Евра: Во Јунајтед се чувствував како на одмор, во споредба со Јувентус

Поранешниот репрезентативец на Франција, Патрис Евра направи споредба помеѓу неговите денови во Манчестер Јунајтед и Јувентус. Тој забележа скоро 400 натпревари за англискиот клуб помеѓу 2006 и 2014 година, освојувајќи пет титули во Премиер лигата и една Лига на шампиони. Потоа играше две сезони за Јуве. Сепак, неговиот период во италијанскиот колос излегува дека е многу потежок за него заради многу посилниот режим кај „бјанконерите“.

„Јас кренав многу трофеи со Јунајтед и не се плашам да кажам дека се чувствував како на одмор таму во споредба со моето време на Јувентус“, изјави Евра за Sky Sports.

„Во Италија размислувањето е различно“, додаде поранешниот лев бек. „Таму имаше повеќе оптоварување, одење во камп на два дена пред натпреварот и тренинг дури и на денот на средбата. Затоа сум горд што настапував за Јуве. Тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот затоа што имате само еден ден одмор таму. Клубот контролира сè: тие ве тераат да јадете кај нив. Научив многу дури и тактички. Признавам дека не ми се допадна овој животен стил затоа што многу сакам да го контролирам мојот режим, но оваа политика е важна за младите играчи“.

„Во ДНК-то на Јувентус е да тренирате напорно. Сум видел дури и играчи да повраќаат, но сепак остануваат на терен да го завршат тренингот. Се сеќавам дека ме тераа да трчам по 12 км на секој натпревар. Понекогаш немаше многу смисла бидејќи секогаш ја поседувавме топката. Се случи во некои дуели да трчам 9 или 10 км. Но, два дена по тренинзите бев должен да ги истрчам преостанатите 2-3 км за да станат 12. Во Италија, тренингот е потежок од самите натпревари. Некои луѓе тврдат дека е полесно да се биде фудбалер таму, но тие дури и не би можеле да го издржат обемот на работа. Тоа беше шок за мене“, заврши Евра.

Со екипата на „старата дама“ дефанзивецот освои две италијански титули и стигна до финалето во ЛШ.

Поврзани вести

Адеми: Останувам во Динамо до крајот на кариерата, освен ако…

Никола Поповски

Оби Микел: Азар е исклучителен талент и најмрзеливиот со кој што сум настапувал

Интер во полуфиналето на ЛЕ, Лукаку со рекорд

Влатко Зорба

Ги исекле стативите на стадионот во Кавадарци (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Ако Валверде добие отказ на 26 јануари, сите можат да бидат сведоци на подзаборавена сцена во шпанскиот шампион

Никола Поповски

Конте: Спортските тимови можат да се вратат на тренинзи на 18 мај