Фудбал

ФА покрена обвинение за однесувањето на играчите на Јунајтед на дербито со Ливерпул

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини Манчестер Јунајтед за однесувањето на играчите за време на дербито во Премиер лигата со Ливерпул.

Станува збор за ситуацијата во првото полувреме кога по еден дуел меѓу Давид Де Хеа и Вирџил ван Дајк, дојде до гол за домашната екипа. Тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ му се приближија на главниот судија Крег Поусон, барајќи голот да не биде признаен поради фаул над нивниот голман. По ВАР интервенцијата, голот беше поништен.

Според ФА во овој случај, фудбалерите на Јунајтед не се однесувале пристојно, а клубот бил одговорен за тоа. Од засегнатите играчи, само Де Хеа доби жолт картон за неговиот протест.

Екипата на Оле Гунар Солскјер на крајот ја загуби битката на „Енфилд“ со 0:2.

Поврзани вести

Лоши вести за фановите на Манчестер Јунајтед: Крај на сезоната за Рашфорд, го пропушта и ЕП

Официјално: Анчелоти е нов менаџер на Евертон

Влатко Зорба

Јунајтед и Челзи во ЛШ, Тотенхем во Лига Европа

Влатко Зорба

Само 51% шанси за продолжување на Серија „А“

Влатко Зорба

ПСЖ понуди 50 милиони евра на Интер за Икарди

Синдикатот на шпански фудбалери против намалување на платите