СПОРТ Фудбал

Фернандеш ги именуваше своите осум идоли од Јунајтед

Новата sвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека како дете се восхитувал на голем број играчи од претходните генерации на Манчестер Јунајтед.

Португалецот ја започна својата кариера на „Олд Трафорд“ соодветно, запишувајќи серија силни натпревари по неговиот трансфер од Спортинг Лисабон во зима. Тој дури стана играч на месецот во Премиер лигата за февруари. Самиот Фернандеш ги сподели и играчите кои го инспирираа да го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

– Како што реков многу пати, играњето за Манчестер Јунајтед е сон за мене како дете. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Само треба да ги видите имињата на играчите кои се натпреваруваа тука порано. Не станува збор само за Кристијано, туку и за играчи како Сколс, Руни, Гигс, Кин, Кантона, ван Нистелрој и мојот сонародник Нани. Сите тие го претставуваа Јунајтед. За мене ова е трансфер од соништата, сподели Фернандеш.

Поврзани вести

УЕФА: Можеме да зборуваме за продолжување на сезоната

Влатко Зорба

Челзи фаворит за потписот на англиски репрезентативец

Влатко Зорба

Јунајтед категоричен за својата голема sвезда

Влатко Зорба

Шарапова ветува дека нема да се враќа на тениските терени

Инфантино: Фудбалот ќе биде сосема различен по кризата

Влатко Зорба

Натпреварот вечерва на Манчестер Сити против Вулверхемптон е многу важен за тимот

Maja_Serafimova