Фудбал

ФФМ со премија за победата над Словенија: 100.000 евра за фудбалерите

Македонските фудбалски репрезентативци ќе поделат 100.000 евра како премија за победата над Словенија со 2:1 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Наградата од Фудбалската федерација на Македонија доаѓа како дополнителен мотив за составот на Игор Ангеловски кој ги задржа шансите за второ место во групата Г и директен пласман на завршниот турнир пред неделното гостување на селекцијата на Полска.

„Уживаме во прекрасни фудбалски денови. Имаме причини за радост, но треба да останеме смирени и скромни. Ветивме премија од 100.000 евра и ќе исплатиме како награда за трудот и резултатите. Посакувам да продолжи оваа убава фудбалска приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри“изјави Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Македонија во недела вечер ќе гостува во Варшава на селекцијата на Полска во осмиот меч во квалификациската група Г за пласман на ЕП 2020.

Поврзани вести

Спалети ја презема Фиорентина?

Јувентус го отпушти Сари

Влатко Зорба

Реал поразен на „Бернабеу“ од Шахтјор, Локомотив извлече бод од Лајпциг

Влатко Зорба

Раул Браво: Не сум поврзан со обидот за убиство на Ковачевиќ, јас и тој сме добри пријатели

Никола Поповски

УЕФА отвори случај против Лацио за расизам на фановите

Влатко Зорба

Навивачите на Манчестер јунајтед сакаат тренерот Солскјер да си замине

user4