Фудбал

ФИФА: Фудбалери ќе може да ја менуваат репрезентацијата

Конгресот на ФИФА одобри значителна промена во правилата во врска со учеството на играчи во национални тимови.

Сега на играчите ќе им биде дозволено да ја сменат репрезентацијата ако одиграле само еден официјален натпревар за една репрезентација, пренесува новинарот на Би-Би-Си, Пирс Едвардс.

Единствениот услов е тој да не одиграл натпревар на ниту еден завршен турнир, како што е Светското првенство или континенталните шампионати.

За потсетување, Спортскиот арбитражен суд (CAS) во 2018 година го одби барањето на фудбалерот на Барселона, Мунир Ел-Хадади, кој беше поканет во репрезентацијата на Мароко на Светското првенство во 2018 година, но не настапи, бидејќи имаше еден официјален натпревар во дресот на сениорската репрезентација на Шпанија.

Досега, правилото беше дека играчот може да игра за помладите селекции на една земја, но подоцна може да игра за сениорска селекција на друга.

Поврзани вести

Њукасл ја следи ситуацијата околу Јовиќ

Погба на почетокот на следната недела ќе се врати на тренинзите

Идеалниот тим на Мурињо со играчи кои ги тренирал

Геце може да остане во Борусија Дортмунд

Сестрата на Роналдо: Господ го испрати брат ми за да му покаже на светот дека коронавирусот е измама

Никола Поповски

Човекот-рекорд во ЛШ со ново врвно достигнување

Влатко Зорба