Фудбал

ФИФА помага на Федерациите со по 500.000 долари

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на своите членови ќе им исплати 150 милиони американски долари како прв чекор во помошта за ублажување на кризата со коронавирусот.

Според одлуката на ФИФА, секоја од 211 членки на ФИФА ќе добие помош од 500.000 американски долари и сите заостанати побарувања од 2019 и 2020 година.

Ова го потврди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Пандемијата ни претстави невидени предизвици и наша обврска е како водечко тело на светскиот фудбал да помогнеме. Ова започнува со обезбедување финансиска помош на нашите членови, од кои многу се во тешка состојба. Ова е првиот чекор од долгорочниот план за олеснување кој ние го развиваме за да одговориме на итни потреби што се појавија низ целата нашата фудбалска заедница“, рече претседателот на ФИФА, Инфантино.

Поврзани вести

Одбиена жалбата на Партизан: Потврдена титулата на Ѕвезда од 1946 година

Никола Поповски

Милан разгледува потенцијални замени на голманот Џанлуиџи Донарума

Модриќ: Роналдо требаше да биде присутен на доделувањето на „Златната топка“ од почит кон противникот и играта

Златан останува во Милано, ќе заработува 6 милиони евра

Влатко Зорба

Боатенг казнет за напуштање на карантинот поради неговиот болен син

Влатко Зорба

Роналдо плати 7,1 милиони евра за купување на најскапиот стан во Лисабон