Фудбал

Финалето на ЛШ ќе се игра на 23 август

Откако стана познато дека Ф8 ќе се игра во Лисабон, на стадионот „Жозе Алваладе“ и „Ла Луж“, италијански „Скај“ презентираше информации за терминте.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 12, 13, 14 и 15 август, полуфиналето е на 18 и 19 август, а финалето е закажано за 23 август.

Засега е познато дека Аталанта, Атлетико Мадрид, Париз Сен Жермен и Лајпциг се меѓу осумте најдобри, а преостанатите четворица патници ќе бидат познати по реваншот меѓу Јувентус – Лион, Барселона – Наполи, Манчестер Сити – Реал Мадрид и Баерн – Челзи.

Интересно е да се знае и дека ждрепката за Ф8 на Лигата на шампиони ќе биде кон средината на јули, односно пред реваншот од осминафиналето.

Европскиот Суперкуп е закажан за 24 септември во Будимпешта, додека Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите следната година, а Санкт Петербург 2022 година.

Сето ова ќе биде ратификувано од Извршниот одбор на УЕФА во среда.

Поврзани вести

За прв пат сите осминафиналисти во ЛШ се од најдобрите 5 лиги во Европа

Ракитиќ се враќа назад во Севиља?

Меси: Бевме слаб тим кој лесно прима голови

Ромеро го искрши Ламбоџинито од 170.000 фунти, но остана неповреден

Меси со својот прв коментар по скандалот во Барселона околу социјалните мрежи

Влатко Зорба

Реал Мадрид е подготвен да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра за Лаутаро