Фудбал

Финалето на ЛШ на 15 август: Новата сезона започнува во октомври ?!

Пандемијата од коронавирус сè уште не стивнува во поголем дел од Европа и ова ги принудува спортските работници да ги продолжат паузите на натпреварите.

Едно од прашањата што сега се поставува е што ќе се случи со Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а по секоја веројатност УЕФА го напушти првичниот план.

Иако се надеваа во Нион дека пандемијата може порано да заврши и натпреварувањата да продолжат, тие го закажаа финалето во Лигата на шампионите на 27-ми и финалето на Лигата на Европа за 24-ти јуни, но од тоа веројатно нема да има ништо.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, оствари нова средба преку видео повик со претставници на сите 55 национални федерации и излезе со нов план, при што „Газета дело Спорт“ пренесува некои делови од истиот.

– Нема да биде лесно. Можеби станува збор за утопија, но сонот на УЕФА е да се стави крај на Лигата на шампионите. Постојат индикации дека сезоната ќе биде продолжена од втората половина на август. Идејата е финалето на Лигата на шампионите да се игра на 15 август. Следната сезона на евротурнирите потоа би започнале во октомври. Тоа е последниот предлог што ќе се дискутира на следната средба, пишува италијанскиот весник.

Ова е во согласност со претходните наводи дека УЕФА наредил дека сите национални првенства мора да бидат завршени до 3 август.

Поврзани вести

Анчелоти има целосна поддршка од Де Лаурентис

Македонија Ѓорче Петров го назначи Наџи Шенсој за нов тренер

Зидан ќе биде новиот селектор на Франција?

Никола Поповски

Џерард: Фергусон паметно го одбра моментот да го напушти Јунајтед

Фудбалер на Јувентус дијагностициран со коронавирус

Влатко Зорба

Руни: Имав сериозни проблеми со коцкањето

Влатко Зорба