Фудбал

Флик ќе смета на Алкантара и Алаба, на Перишиќ не

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик изјави дека ќе смета на Тијаго Алкантара и Давид Алаба за претстојната сезона и потврди дека Иван Перишиќ ќе се врати во Интер.

Претходните денови се шпекулираше дека Алкантара ќе го напушти Минхен, особено кога се појави информација дека ќе го пропушти тестовите за коронавирус пред почетокот на клупските подготовки. Ливерпул е заинтересиран за него веќе подолго време, а од „Енфилд“ се подготвени да платат 30 милиони евра.

Слична е ситуацијата и со Алаба, кој медиумите го поврзуваа со Челси и Манчестер Сити.

– Ситуацијата не е лесна. Сè додека тие се таму, тие се во моите планови, рече Флик.

Германскиот стручњак потврди дека Иван Перишиќ ќе се врати во Интер, исто како што Филипе Кутињо и Алваро Одриозола се вратија во Барселона и Реал Мадрид.

„Одлучивме да не продолжиме да соработуваме со нив. Ќе се обидеме да донесеме квалитетни играчи за позициите на кои играле“, вели тренеротна европскиот шампион.

Новата сезона во Бундеслигата, Баерн ќе ја започне со дуел со Шалке.

Поврзани вести

Тебас: Шпанските клубови можат да загубат 1 милијарда евра

Влатко Зорба

Мбапе во отворен конфликт со Тухел (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Спалети ја презема Фиорентина?

Нејмар демантира: Не го прекршив карантинот (фото)

Стартува проектот на Абрамович за изградба на стадион вреден една милијарда фунти

Влатко Зорба

Претседателот на Премиера: Целта е да се започне на 12 јуни, ќе има фудбал секој ден

Stefanija Kuzmanovska