Фудбал

Фудбал: Динамо Киев ја елиминира Шкендија од младинската ЛШ

Екипата на Шкендија е елиминирана во квалификациите за Лигата на шампиони за играчи до 19 години. Подмладокот на тетовци попладнево одигра 2:2 со Динамо Киев и, колку-толку, чесно се прости од натпреварувањето.

Првиот меч украинскиот тим го доби со огромни 8:0, па денешниот реванш на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, беше чиста формалност.

Шкендија поведе со голот на Гаши, потоа Динамо во второто полувреме даде два гола, и во 90-та минута поведе со 2:1. Но, Спахиу израмни во 93-та минута, по нереализираниот пенал на Реџепи, па македонскиот претставник го заврши своето натпреварување.

Поврзани вести

Вудвард со ветување што ќе ги испрати навивачите на Јунајтед во екстаза

Интер е нов лидер на Серија А

Влатко Зорба

Вацке: Плачев за Клоп, никогаш нема да имаме друг како него

Влатко Зорба

Зошто Халанд се одлучи за Борусија Дортмунд?

Никола Поповски

Објавено ВИДЕО на играчите на Барселона по дебаклот против Ливерпул

Влатко Зорба

Бекам му нуди двојно поголема плата на Модриќ за да се пресели во Интер Мајами