Фудбал

Голем број на шпански клубови во проблем: Забрането е рекламирање на обложувалници на дресовите

Од следната сезона на обложувалниците ќе им биде забрането рекламирање на дресовите на фудбалските клубови во шпанската лига.

Според „Ел Паис“, шпанските власти ги заоструваат регулативите во врска со рекламирањето на обложувалници.

Ова ќе влијае на Валенсија, Алавес, Леганес, Гранада, Мајорка, Севиља, Осасуна и Леванте, чиј главен спонзор е компанија за обложување.

Според законот за шпанско рекламирање, четиричасовен прозорец е дозволен за да се рекламираат обложувалници, од еден часот по полноќ до пет часот наутро.

Освен дресови, обложувалниците веќе нема да можат да го спонзорираат името на стадионот или кој било друг аспект на клубовите.

Шпанската влада има намера одлуката за забраната да ја донесе ова лето, но воведувањето беше одложено поради вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот, па новиот закон, кога ќе помине низ Брисел, ќе биде во сила од почетокот на следната сезона 2020/2021 година.

Поврзани вести

Тебас: Шпанските клубови можат да загубат 1 милијарда евра

Влатко Зорба

Арсенал заборави да победува

Пеп по поразот: Игравме добро

Влатко Зорба

Во Шпанија го уништија Реал: Фрлија 300 милиони за ништо

Влатко Зорба

Форлан: Кавани ќе биде одличен додаток за Атлетико

Влатко Зорба

Рангник потврди дека започнал преговори со Милан

Stefanija Kuzmanovska