Фудбал

Гвардиола донирал милион евра за борба против коронавирусот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Пеп Гвардиола во моментов е во Барселона и веќе неколку дена работи со неговите адвокати за да ја реализира оваа донација и да ја најде најдобрата намена на парите што сака да ги донира, јави Би-Би-Си. Донацијата е наменета за Медицинскиот факултет во Барселона и Фондацијата Анхел Солер Даниел.

Шпанија е една од најпогодените земји, според бројките објавени во вторникот, по број на заразени е четврта во светот и втора во Европа. Скоро 40.000 луѓе се заразени во Шпанија, 4.540 само во вторникот.
Починаа вкупно 2.800 луѓе, од кои 489 денеска.

Поврзани вести

Ќиро Блажевиќ: Ги гледам некролозите, овие од мојата генерација полека заминуваат, јас не се давам

Колку заработуваат играчите во Премиер Лига: Де Хеа најплатен, ниеден од Ливерпул меѓу првите седум

Никола Поповски

Мерсон: Оваа сезона Клоп му докажа на Гвардиола дека е најдобриот менаџер во светот

Јунајтед се договори со Манџукиќ, од Јувентус ја објавија и цената

Влатко Зорба

Ибра: Сакав да постигнам гол и да се израдувам како Бог

Влатко Зорба

„Златната топка“ е за Лионел Меси

Влатко Зорба