Фудбал

Гвардиола: Јас не се сомневам во тимот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити се целосно посветени и фокусирани на преостанатите игри до крајот на сезоната и немаат дефокусирачки мисли во главите за двегодишната казна што УЕФА му ја изрече на клубот.

Ова го изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола.

Како што е познато, англиските шампиони се казнети со 30 милиони евра, а како додаток нема да играат на евротурнирите 2 години. Клубот сигурно ќе поднесе жалба до Арбитражниот суд, но тоа не ги запира шпекулациите дека играчите ќе започнат да си заминуваат доколку санкцијата не биде укината.

– Јас сум апсолутно сигурен во заложбата на нашите играчи. Тие го покажаа тоа многу, многу пати во годините наназад. Никој не знае што ќе се случи, но јас не се сомневам во момчињата. Не можеме да го промениме она што го мислат луѓето. Знам колку силно работиме. Ние сме навистина горди на тимот. Исто така знам што направивме во последните години. Немавме помош надвор од теренот. Она што се случи тука, го сторивме сами и ги освоивме титулите, рече Гвардиола.

Тој беше запрашан како ќе го коментира интервјуто на Рахим Стерлинг за шпанскиот весник „АС“ дека Реал Мадрид е „фантастичен клуб“, но тренерот нема проблем со тоа што играчите зборуваат на тој начин.

– Играчите се слободни да го кажат она што мислат и веруваат. Јас немам проблем со тоа, вели Каталонецот.

За средбата со Лестер, Пеп рече: „Јас сум кажал и претходно дека Лестер е одличен тим. Особено дома, тие се многу силни“.

Поврзани вести

„Златно стапало“ за Лука Модриќ

Рибери нема да се врати наскоро

Влатко Зорба

Академија Пандев однесе победа од гостувањето кај Шкендија

user4

Мурињо: Верувам дека можеме да го поминеме Лајпциг

Барселона извлече бод против последнопласираниот Еспањол

Влатко Зорба

Гвардиола предложи револуционерно решение за густиот распоред во Англија

Влатко Зорба