Фудбал

Гвардиола предложи револуционерно решение за густиот распоред во Англија

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека голем број на натпревари во текот на сезоната доведуваат до повреди на играчите и негативно влијаат на резултатите на тимот. Затоа, според него, во Англија треба да се откажат од еден од домашните турнири.

„За да го направиме нашиот распоред помалку заситен, еден од домашните турнири мора да се елиминира. Ова ќе резултира со помалку натпревари и помалку турнири. И тоа значи помалку количество и повеќе квалитет. Луѓето можат да живеат некое време без фудбал. Во спротивно тоа е премногу“, рече шпанскиот тренер.

„Поради големиот број на натпревари, играчите се повредени. И јас не сум изненаден. Многу ми е жал за Кејн и Рашфорд. Фудбалските власти треба да размислат за тоа. Тренерите се жалат на тоа, но раководството не е заинтересирано. Играчите страдаат од таков распоред“, додаде Гвардиола.

Поврзани вести

Кристал Палас сака да го засили нападот со Жиру

Maja_Serafimova

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Педро одбива да ја заврши сезоната во Челси

Влатко Зорба

ПСЖ го продава Нејмар на попуст

Агентот на Анчелоти пристигна во Лондон на разговори, но не и со Арсенал

Ромеро го искрши Ламбоџинито од 170.000 фунти, но остана неповреден