Фудбал

Хакими и донесе победа на Борусија во ЛШ

Борусија Дортмунд ја оствари својата прва победа во Лигата на шампионите во групата Ф, откако ја победи Славија (Прага) на „Синобо“ со 2:0.

Двата гола во овој инаку еквивалентен натпревар ги постигна Ашраф Хакими (35 ‘, 89’).

Така „жолто-црните“ веќе имаат четири бода, откако одиграа 0-0 со Барселона на „Сигнал Идуна Парк“ во првото коло.

Славија останува со еден бод што го освои при посетата на Интер пред две недели.

Наполи пак одигра само 0:0 на гостувањето кај Генк во Лигата на шампионите, а македонскиот интернационалец Елиф Елмас одигра 58 минути.

Италијанскиот тим во првото коло го совлада Ливерпул со 2:0, а и сега не примија гол, но не успеаја ниту да дадат во дуелот со белгискиот шампион кој во првата рунда беше нокаутиран од Салцбург со 2:6.

Елмас беше стартер и беше заменет со Дрис Мертенс во 58-ма минута, но ниту белгискиот офанзивец не успеа да го смени резултатот.

Поврзани вести

Роналдо направи 142 стомачни за 45 секунди (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Официјално: Пирсон нов тренер на Ватфорд

Влатко Зорба

Лопетеги го нарече срамно судењето на мечот со Реал Мадрид

Реал загуби на гости кај Бетис, Барса е нов лидер (ВИДЕО)

Мангала потврди дека е заразен со коронавирус, но немал никакви симптоми

Влатко Зорба

Интер ќе потпише со Ериксен

Никола Поповски