Фудбал

Херта продолжува со добри резултати во Бундеслигата

Херта запиша трета последователна победа по обновувањето на Бундеслигата. Екипата од Берлин го доби својот натпревар дома против Аугсбург со 2:0 и веќе нема пораз во шести шампионски натпревар по ред.

На сите овие натпревари, екипата постигнува два или повеќе гола. На овој начин продолжи добрата серија на Бруно Лабадија, кој го презеде тимот за време на присилната пауза.

Дилросон го отвори резултатот во 23-та минута, а во самиот финиш Пјатек, кој влезе како резерва, го удвои водството на тимот од Берлин.

По оваа победа, Херта се искачи на деветтото место. Аугсбург е 14-ти и се приближува кон опасната зона.

Резултати од Бундеслигата:

Херта – Аугсбург 2:0
Маинц 05 – Хофенхајм 0:1
Шалке 04 – Вердер Бремен 0:1
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Во моментов играат Баерн Минхен пртоив Фортуна Дизелдорф.

Поврзани вести

Меси: Со тек на време се сфаќа уште колку може да се игра, јас сè уште не сум сфатил

user5

Баерн го отпиша Зуле за оваа сезона, не го пушта ни на ЕП 2020

Влатко Зорба

Сари: Ќе биде одлично да се соочам со Мурињо

Влатко Зорба

Матиќ и Рохо слободни да си заминат од Јунајтед во јануари

Румениге: Мора да го завршиме шампионатот по крајот на пандемијата

Премиерот на Италија: Сите натпревари од следното коло од Серија А можат да бидат одложени поради коронавирусот