Фудбал

Ибра: Да дојдев на почетокот на сезоната, ќе ја освоевме титулата

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во свој стил ја коментираше победата на неговиот тим против Јувентус по големиот пресврт, велејќи дека тие би ја освоиле титулата, доколку тој бил во тимот уште од почетокот на сезоната.

Фудбалерите на Милан го совладаа Јувентус во спектакуларен натпревар на „Сан Сиро“ со 4:2 (0:1) во дуел од 31. коло од Серија „А“.

„Старата дама“ имаше предност од два гола и потоа се случи чудо, нереален пресврт на „росонерите“. Го започна Златан Ибрахимовиќ од пенал во 62-та минута, по што го најави трансот на „црвено-црните“.

„Јас сум претседател, играч и тренер. Единствена негативна работа е што имам само плата на фудбалер, и да бев тука од почетокот на сезоната, ќе ја освоивме титулата шампион“, рече Ибрахимовиќ по натпреварот.

За среќа за Јувентус, Лацио загуби и од Лече, додека „росонерите“ стигнаа до петтата позиција, со еден бод повеќе и меч повеќе од Рома и Наполи.

Поврзани вести

Хонда е очаен: Зошто никој не ме сака?

user5

Играчите во Серија А ќе земат за една третина пониски плати

Еден куп клубови ги сакаат услугите на Силва

Stefanija Kuzmanovska

Рамос: Горам од желба да ја завршам сезоната со титула

Оле подготвува офанзива за Ракитиќ

Влатко Зорба

Не сакаа да изведат корнер: „Украдоа“ две минути, добија три жолти картони (видео)

Никола Поповски