Фудбал

Интер ќе го откупи договорот на Санчез од Јунајтед

Чилеанецот Алексис Санчез и официјално ќе стане играч на Интер, кој реши да го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.

Санчез играше на позајмица за екипата од Милано оваа сезона, остави добар впечаток и Антонио Конте реши да го задржи.

Според информациите, Санчез веќе се договорил со Интер за договорот и сè што останува е да се решат некои детали меѓу двата клуба.

Санчез оваа сезона одигра 29 натпревари за Интер и постигна четири гола со десет асистенции.

Чилеанецот наполни 32 години на крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Сити се подготвува за живот по Гвардиола

Влатко Зорба

Роналдињо МВП на затворски турнир, за награда си доби свиња од 16 килограми

Ребиќ им се извини на соиграчите и тренерот: Милан нема да го казни

Влатко Зорба

Изненадување: Погба патува со Манчестер Јунајтед при посетата на Вотфорд

Влатко Зорба

Невил објасни зошто не сакал да биде во иста соба со Бекам

Влатко Зорба

Реина планира да ја заврши кариерата во 2021 година