Фудбал

Интер во полуфиналето на ЛЕ, Лукаку со рекорд

Интер е првиот полуфиналист во Лигата на Европа откако го победи германски Баер Леверкузен со 2: 1 во Дизелдорф.

Избраниците на Антонио Конте одиграа одлично прво полувреме, за време на кое со головите на Николо Барела (15) и Ромелу Лукаку (21) го презедоа водството.

Голот на Белгиецот беше рекорден на турнирот, откако реализираше во деветтиот последователен натпревар.

На средина на првото полувреме, големиот талент на „аспирините“ Каи Хавертс врати еден од головите, но во целина, „нероазурите“ покажаа повисока класа и го заслужија своето место меѓу најдобрите 4 на турнирот.

Натпреварот ќе биде запаметен и со поништените пенали на Интер, во кои ВАР интервенираше и ги поништи првичните решенија на главниот судија.

Во спорот за место во финалето, Интер ќе се соочи со победникот од судирот меѓу Шахтјор Доњецк и Базел, кои играат утре во Гелзенкирхен.

Поврзани вести

Премиер лигата донесе клучни промени во врска со ВАР

Александар Петровски

ПСЖ нема да го обнови договорот на Силва

Влатко Зорба

Меси стави точка: Децата плачеа кога реков дека си одам, никогаш нема да одам на суд со Барса

Влатко Зорба

Ромелу Лукаку не се качи на авионот за Барселона

Влатко Зорба

Ако Серија А не се рестартира до 14 јуни, сезоната нема да се доигра

Сари: Ако сакав да избегнам тензии, ќе се вработев во пошта

Влатко Зорба