Фудбал

Италијанскиот министер за здравство: Наскоро 25.000 луѓе ќе може да ги следат дуелите на „Олимпико“

Италијанскиот министер за здравство Пјерпаоло Силери рече дека од 8 октомври можеме да очекуваме нови правила во Серија „А“, според кои клубовите ќе отворат третина од капацитетот на трибините.

„Кога се почитува растојанието од 2 метри, кога луѓето не се прегрнуваат затоа што е забрането, кога сите носат маски и користат средства за дезинфекција … Тогаш можеме да побараме вакви одлуки и да им дозволиме на навивачите да пополнат третина од капацитетот на трибините“, вели тој.

Силери, исто така, даде конкретен пример: „Да речеме дека наскоро би можеле да видиме меѓу 20.000 и 25.000 луѓе на Олимпико, кој може да собере околу 80.000 луѓе“.

Потсетуваме, според сегашните прописи, на трибините на натпреварите во италијанската лига може да има илјада луѓе.

Поврзани вести

Јунајтед категоричен за својата голема sвезда

Влатко Зорба

Буфон: Роналдо е причината зошто се вратив во Јуве, имам дресови од синовите на Киеза, Малдини и Веа

Никола Поповски

Шефовите на Арсенал до фудбалерите: Пласман во ЛШ и нема кратење плата

Жиру сака да остане во Челзи

Популарниот Зизу: За мене, Гвардиола е најдобар тренер на светот

Никола Поповски

ПСЖ му нуди петгодишен договор на Мбапе со годишна плата од 30 милиони евра