Фудбал

Јасна е причината зошто Леви нема да го отпушти Почетино

Менторот на Тотенхем е под голем притисок откако тимот од Лондон не се претставува добро. Поразот со 0-3 од Брајтон во текот на викендот дојде неколку дена по катастрофалните 2: 7 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Иако шансите кај букмејкерите за отказ на Почетино се намалија многу, Тим Шервуд верува дека нема причини Аргентинецот да биде отпуштен од Леви.

„Леви има голема доверба во него по она што го направи за тимот и тој нема шанси да го отпушти Почетино во следните милиони години. Ако Маурисио реши сам дека треба да замине и е исцрпен, откако даде сè за Тотенхем, тогаш тие можат да се разделат, но мислам дека тој е вистинската личност за овој клуб и не сакам да си замине. Го сакам овој човек и овој клуб. Сè се одвива добро за Тотенхем и верувам дека резултатите ќе се вратат“, изјави Шервуд.

„Сè уште верувам дека тимот ќе се најде во елиминациите во Лигата на шампионите и убеден сум дека ќе заврши во Топ 4 оваа сезона“, предвиде поранешниот менаџер на „петлите“.

Поврзани вести

Роналдо со нова фризура (ФОТО)

Веќе не е смешно: Инсиње пак со највисоката маскота (фото)

Никола Поповски

Дел Боске: Нејмар е тежок човек, не е добар пример за следење

Роналдо по гаќи: Покрај жените, уживаат и шефовите на Јувентус (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Почетино: По ваков пораз треба да се држиме заедно

Влатко Зорба

УЕФА откажа два меча во Лига Европа