Фудбал

Јунајтед конечно се ослободи од прескапиот Санчез

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез потпиша тригодишен договор со Интер Милано, објави италијанскиот клуб.

Како што се наведува, Алексис го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, кој траеше до 2022 година, а како слободен играч, тој и официјално стана член на Интер, каде беше на позајмица од август минатата година.

Алексис се враќа на Апенините по девет години, каде играше за Удинезе, пред да се пресели во Барселона, па Арсенал, за на крај да пристигне на „Олд Трафорд“ во јануари 2018 година.

Санчез не направи ништо во Јунајтед, тој постигна пет гола на сите натпреварувања, а статистичарите во Англија пресметаа дека секој негов допир со топката ги чинеше „црвените ѓаволи“ 30 000 евра.

Патем, Санчез искористи зеде на 65 милиони од Јунајтед за плати, без бонуси, а клубот од „Олд Трафорд“ му плаќаше дури и додека беше на позајмица во Интер.

Поточно, тимот од Манчестер му давал 430.000 евра од можните 550.000 што му биле како плата.

Поврзани вести

Вудвард: Сакаме долгорочна соработка со Солскјер

Пандев испрати порака до нацијата: Бидете одговорни, седете дома (фото)

Никола Поповски

Роналдо позираше во Луј Витон пижами од 2.000 евра, брутално го исмеаја (ФОТО)

Александар Петровски

„Бомба“ во Лисабон! Лион го совлада Сити и излегува против Баерн

Влатко Зорба

Силва заминува од ПСЖ, Милан и Евертон можни дестинации

Влатко Зорба

Балотели преговара за трансфер во романски Клуж

Влатко Зорба