Фудбал

Јунајтед му ја удвојува платата на Мектомини

Манчестер јунајтед ќе му понуди нов договор на Скот Мектомини, еден од најпостојаните играчи на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната.

Во моментот, младиот фудбалер на Јунајтед добива по 30.000 фунти неделно, но клубот планира да го удвои неговиот надоместок.

Шкотот потпиша во јануари годинава, но неговата силна игра ќе ги промени условите во негова корист.

Новиот договор ќе биде до 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци. Сè ќе биде разјаснето на почетокот на 2020-та.

Мектомини досега има 18 натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната.

Поврзани вести

Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка

Александар Петровски

УЕФА ја одложи ЛШ и сите меѓународни мечеви

Влатко Зорба

Фернандеш пред потпис со Јунајтед

Никола Поповски

Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во февруари

Обамејанг ја разочара Барселона: Реал е клубот на моето срце

Мурињо: Дента кога дојдов, знаев дека Ериксен нема да го обнови својот договор

Никола Поповски