Фудбал

Јунајтед ремизираше во уште еден мачен за гледање натпревар

Пред очите на поранешниот тренер Луис ван Гал, АЗ Алкмар и Манчестер Јунајтед одиграа 0:0 во натпреварот од групата Л во Лига Европа.

Севкупно, натпреварот не понуди особено привлечни моменти и беше мачен за гледање, што повторно ќе донесе критики за англискиот тим.

Јунајтед има 4 бода по своите први два натпревари, додека Холанѓаните се со 2 и двете екипи имаат шанса да одат напред.

Очекувано во составот на Јунајтед имаше многу промени, при што Оле Гунар Солскјер го пушти во игра дебитантот Брендон Вилијамс како и младата ѕвезда Мејсон Гринвуд.

Даниел Џејмс беше единствениот напаѓач на „црвените ѓаволи“ додека Гринвуд беше на крило. Мата и Гомез беа другите офанзивни играчи.

Резултати од ЛЕ, 2.коло:

Група Г:
Феенорд – Порто 2:0
Јанг Бојс – Ренџерс 2:1

Група Х:
ЦСКА Москва – Еспањол 0:2
Ференцварош – Лудогорец 0:3

Група И:
Олександрија – Гент 1:1
Сент Етјен – Волфсбург 1:1

Група Ј
Истанбул Басакшехир – Борусија Менхенгладбах 1:1
Волфсбергер – Рома 1:1

Група К
Бешикташ – Вулверхемптон 0:1
Брага – Слован Братслава 2:2

Група Л
Астана – Партизан 1:2
АЗ Алкмар – Манчестер Јунајтед 0:0

Поврзани вести

Младинска Лига на шампиони (У19): Динамо Киев ја тресна Шкендија со 8:0

user5

Роналдо загуби финале за прв пат од 2013 година

Влатко Зорба

Ибрахимовиќ доаѓа во Евертон заради Анчелоти?

Разочаран од односот на Барселона: Атлетико Мадрид тргнува по Ракитиќ

Никола Поповски

Фламенго во финалето на Светското клупско првенство

Сити го доби дербито со Челзи

Влатко Зорба