Фудбал

Јувентус го отпушти Сари

Еден ден откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус го отпушти тренерот Маурицио Сари, јавуваат италијанските медиуми. Веста се очекува да биде официјално објавена од клубот во секој момент.

Во петокот вечерта гигантите во Торино беа елиминирани од Лион воосминафиналето. Во единствената сезона на Сари на кормилото на Јувентус, тимот стана шампион во Серија „А“, но го загуби финалето во Купот на Италија и Супер купот.

Шеесет и едно-годишниот тренер од Неапол ги презеде „бјанконерите“ минатото лето, откако претходно, исто така, престојуваше само една сезона во Челси.

Поврзани вести

Скандал во Португалија: Играч на Порто напушти меч поради расизам и им возврати со среден прст (фото+видео)

Никола Поповски

Реал и Баерн ја „притиснале“ УЕФА за да го казни Сити

Бекам ја носи ѕвездата на Барселона: Мајами ќе добие брутално засилување во лето ?!

Влатко Зорба

Вернер ќе го одбие Баерн поради Ливерпул

Кулибали е наследникот на Серхио Рамос

Сусо побарал трансфер

Влатко Зорба