Фудбал

Јувентус отпиша играч кој го плати 90 милиони евра

Гонзало Игуаин го напушта Јувентус на крајот на сезоната, клуб на кој му се приклучи во 2016 година.

Аргентинскиот напаѓач веќе неколку пати е отпишан од клубот од Торино, но тој секогаш наоѓаше начин да се врати во тимот. Сепак, се чини дека оваа сезона е негова последна во Јувентус, откако не го воодушеви ниту новиот тренер Маурицио Сари. Игуаин има постигнато 11 гола на 43 настапи оваа сезона, што е за два гола помалку од минатата сезона, во кои играше на позајмица за Челси и Милан.

32-годишниот напаѓач има договор со Јувентус до јуни 2021 година, но „Gazzetta dello Sport“ пишува дека договорот ќе биде раскинат веднаш штом италијанските шампиони го завршат настапот во ЛШ оваа сезона. Игуаин ќе добие отпремнина и можност да најде нов клуб без надомест.

Јувентус му плати на Наполи 90 милиони евра по една сезона во која постигна рекордни 36 голови во италијанскиот шампионат. Во Јувентус тој постигна 32 гола на сите натпреварувања во својата прва сезона, а после тоа постигна вкупно 47 гола во следните три.

Аргентина и САД се споменуваат како земји каде Игуаин би можел да ја продолжи кариерата.

Поврзани вести

Случај „Сала“: Кардиф разочаран од одлуката на ФИФА да плати шест милиони евра на Нант

user5

Роналдо, Меси, Нејмар и Агуеро беа многу далеку од Мбапе на 21 година

Јунајтед сака да го доведе Заниоло

Во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се согласија на пониски плати како помош за вработените

Де Лаурентис има намера да ги казни играчите на Наполи

Прекрасен гол со волеј на Алиоски во победата на Лидс (ВИДЕО)