Фудбал

Канаваро со добри вести од Кина: За мене карантинот заврши!

Светскиот шампион Фабио Канаваро објави на Инстаграм дека сега може слободно да шета во Кина.

Освојувачот на „Златната топка“ во 2006 година верува дека пандемијата на коронавирусот веќе е под контрола во огромната азиска земја.

„Здраво! За мене, карантинот заврши. Имам документ што ми дозволува слободно да се движам низ цела Кина. Бев во продавница, во банка, а потоа јадев надвор. Луѓето зборуваат за мерки, ја мерат нивната температура и носат маски и нараквици. Сепак сериозно внимание се посветува на вирусот, но животот почнува да се враќа во нормала. Ова треба да им даде надеж на сите Италијанци“, рече Канаваро во специјалното видео.

Поврзани вести

УЕФА има намера ЕП да се игра во истите 12 града како што беше планирано

Баерн го доби дербито со Борусија Дортмунд, Ноер прослави јубилеј

Кој не би сакал да биде соиграч на Меси, прашува агентот на Лаутаро

Влатко Зорба

Роналдо губи 10 милиони евра поради коронавирусот

Епидемиолози во Шпанија: Стадионите ќе се отворат последни

Азар: Јавноста очекува многу од мене, истото го очекувам и јас

user5