Фудбал

Кариус има надежи дека ќе се врати во Ливерпул

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, игра за Бешикташ уште од август 2018 година, но сè уште не ја изгубил надежта за враќање во гигантот од Англија. Тој го призна ова во интервју.

„Отстапен сум до крајот на сезоната и тогаш ќе биде јасно дали ќе се вратам во Ливерпул или ќе играм некаде на друго место во Англија или Германија. Сега сум фокусиран на натпреварите секоја недела. Ми се допаѓа времето поминато во Бешикташ. Кога сте во Англија, повеќе сте во центарот на вниманието, но сепак сум во добар клуб, иако понекогаш имаме проблеми“, рече Кариус, цитиран од „Гардијан“.

„Премиер лигата е најдобрата лига. Јас сè уште имам договор со Ливерпул, па можно е повторно да заиграм за овој клуб, ќе видиме. Тешко е да се каже сега. Ако не биде Ливерпул, сигурен сум дека ќе биде друг достоен тим, така што не сум загрижен“, додаде Германецот.

Поврзани вести

Клоп може да стане прв германски тренер со титула на светското клупско првенство

Влатко Зорба

Лаказет се сели во Атлетико Мадрид?

Ханси Флик е тренер на сезоната

Интер му нуди 65 милиони евра по сезона на Меси

Судот го затвори случајот против Меси

Влатко Зорба

Корона во италијанскиот фудбал, заразени 11 играчи

Влатко Зорба