Фудбал

Касиљас: Шпанското првенство да се рестартира по „три или четири месеци“ и да заврши во декември

Фудбалската легенда и кандидат за претседател на Шпанската федерација – Икер Касиљас, смета дека не треба да брза да се обновува Примера. „Сан Икер“ го даде предлогот до претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, преку социјалните мрежи.

Голманот на Порто посочи првенството да се рестартира по „три или четири месеци“ и да заврши во декември.

– Како ќе решите за датумите во европскиот фудбал? Откажување на сезоната? Ќе го продолжите ли шампионатот до крајот на календарската година? Ако се е добро, после 3-4 месеци може да се доиграат натпреварите и финалињата на куповите, ЛШ и ЛЕ може да бидат во декември. Следниот Мундијал е во ноември 2022 година. Има смисла “, напиша Икер.

Тебас не задоцни со одговорот: „Веќе се дискутираа за нови датуми што ќе ни овозможат да ја завршиме сезоната. Да се ​​одложи крајот и да се заврши сезоната на крајот на годината значи да се изгуби сезоната. Што ќе се случи со договорите за телевизиски права што се потпишани за сезоните пред нас. Се работи за милијарди евра“.

Поврзани вести

Гвардиола: Сè уште не сме подготвени да ја освоиме ЛШ

Влатко Зорба

„Мундо Депортиво“: Нејмар по третпат ја тужи Барселона

Никола Поповски

Македонската репрезентација може да игра на ЕП со Германија, Франција и Португалија

Влатко Зорба

Венгер: Артета ќе има проблем со недостаток на искуство ако застане на чело на Арсенал

Хари Кејн: Поразот од Чешка е загрижувачки знак

Влатко Зорба

Артета пресреќен по победата против Јунајтед

Влатко Зорба