Фудбал

Ќерката на шефот на Валенсија ги налути навивачите: Можеме да правиме што сакаме со клубот

Ситуацијата во Валенсија е прилично хаотична, погубна како за фудбалерите, така и за навивачите, кои сега треба да го слушаат и безобразлукот на ќерката на сопственикот на клубот, Питер Лим – Ким.

Дури и таа се јави, одговарајќи на фановите на сè погласните критики упатени кон нејзиниот татко во однос на раководењето.

– Ајде повторно. Некои навивачи на Валенсија го навредуваат и проколнуваат моето семејство и мене. Како не можат да разберат? Клубот е наш и ние можеме да правиме со него што сакаме и никој не може да ни каже ништо, се вели во пораката на Ким до фановите, но таа брзо ја избриша од својот профил на Инстаграм.

Поврзани вести

Ниту селекторот на Германија не може да оди на натпревари во Бундеслигата

Поради кризата: Борусија Дортмунд отпушта играчи

Лацио бара замена за Милинковиќ-Савиќ

Влатко Зорба

Валверде се жалеше на условите за игра против Леганес

Влатко Зорба

Кутињо на чекор од Арсенал

Ибра: Да дојдев на почетокот на сезоната, ќе ја освоевме титулата

Влатко Зорба