Фудбал

Кин го сруши турскиот бедем, Челси го згази Краснодар

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Челси забележаа победи на непријатните гостувања во 2.коло од Лигата на шампионите.

Пари Сен Жермен стигна до првите три бода во тековната сезона од Лигата на шампионите (2:0) на гостувањето кај Башахшехир и го подобри впечатокот по поразот од Манчестер Јунајтед (2:1).

Долго време турскиот тим даваше отпор на шампионот на Франција и беше рамноправен ривал, но бедемот на домаќините го скрши Моес Кин, кој постигна два гола – и двата по асистенција на Мбапе.

Натпреварот го одбележа и повредата на Нејмар, кој ја напушти играта во 26-тата минута.

Во исто време, Челси забележа убедлив триумф на гостувањето кај Краснодар (4:0). Рускиот клуб ги начна Хадсон-Одои во 37-та минута, а на крилата на Вернер, лондонскиот клуб рутински обезбеди три бода во второто полувреме.

Прво, Вернер го удвои водството од белата точка, а потоа и асистираше на Зијеш за 3:0. Абрахам погоди во 90-тата минута.

Челси по две кола има четири бода, откако претходно ремизираше со Севиља, додека Краснодар остана на освоениот бод против Рен (1:1).

Поврзани вести

Навивачите на Баерн бараат прекин на Бундеслигата

Никола Поповски

Јувентус во јануари го ангажира Вилијан

Дијаз има коронавирус, нема да игра со Сити

Влатко Зорба

Судијата свирна крај, па втор пенал, во луд натпревар со три ВАР ситуации

Влатко Зорба

Роналдо со прв гол од слободен удар во дресот на Јувентус (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Поради кризата: Борусија Дортмунд отпушта играчи