Фудбал

Клоп разговарал со таткото на Одегард, го зема во текот на летото

Ливерпул прават се од себе за да го доведат sвездата на Реал Сосиедад, Марти Одегард на „Енфилд“ следното лето. Медиумите во Шпанија потврдуваат дека Јирген Клоп остварил контакт со таткото на норвешкиот репрезентативец, кој му дал на својот син дозвола да се пресели на „Енфилд“ летото 2020 година.

Весникот пишува дека 20-годишниот плејмејкер е огромен обожавател на тимот од Мерсисајд, а Клоп сака некогашниот вундеркинд да го засили европскиот клупски шампион.

20-годишниот фудбалер е природен играч од средниот ред или „десетка“, а оваа позиција може да се користи во две од преферираните шеми на игра на Клоп – 4-3-3 / 4-2-3-1.

Одегард не успеа да се наметне во Реал Мадрид, кој ги поседува неговите права, а Ливерпул ќе треба да се засили во средниот ред, доколку сака да биде конкурентен откако, кога ќе истечат договорите на Адам Лалана и Џејмс Милнер.

Поврзани вести

Квалификации за ЕП 2020: С. Македонија брка три бода против Словенија

Влатко Зорба

Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка

Александар Петровски

Мурињо: Среќен сум што повторно работам 11 часа дневно

Никола Поповски

Конте задоволен од „атомското“ напаѓачко трио

Влатко Зорба

Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во февруари

Атлетико и Барселона се договорија за Суарез

Влатко Зорба