Фудбал

Клоп: Важно е како се чувствуваме по поразот од Атлетико

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повторно зборуваше за поразот од Атлетико Мадрид во првиот осминафинален судир од Лигата на шампионите.
Поразот од „јорганџиите“ беше само трет за Ливерпул оваа сезона на сите турнири и прв по поразот од Астон Вила за Лига Купот во декември.

– Малку е чудно. Да, го загубивме натпреварот и во него нема апсолутно никакво позитивно. Но, важно е како се чувствувавме по поразот. По натпреварот се чувствувавте поразени, следното утро се чувствувавме како поразени. Но, главната работа е да го вратиме другото чувство – чувството после победа. Победивме неколку натпревари и сега изгубивме – разликата е огромна. Многу повеќе од три бода. Навистина е како од сонце до силен дожд и така треба да биде, рече менаџерот на тимот.

– Ако навистина сакате да успеете како што би сакале ние, тогаш мора да се чувствувате многу лошо и да се чувствувате така. Значи, да, ние сакаме да ги направиме работите како што треба, дури и кога е тоа во различен турнир, рече Клоп.

Вест Хем, кој загуби со 0-2 како гостин на Манчестер Сити во последното коло од Премиер лигата, ќе дојде на „Енфилд“ и „ќе се брани со се што има.

„Со сета слава што ја има Манчестер Сити… (Вест Хем) не беше надигран така, како што очекувавме кога Сити е на теренот. Тие не ја поседуваа топката многу, но мислам дека извлекоа некои позитивни работи од овој меч и ќе се обидат тоа повторно. Затоа треба да бидеме подготвени. Очекувам навистина тежок натпревар, 100% “, додаде Клоп.

Поврзани вести

Каталонците не се Јапонци: Барселона оставила хаос во соблекувалната во Прага

user5

Распродадено: Нема повеќе билети за Македонија – Косово

Меси: Сè уште не мислам дека сум типичен стрелец

Maja_Serafimova

Ајакс прокоцка три гола предност, неверојатен пресврт на Борусија Дортмунд

Платата на Балотели може да порасне четири пати, има два услова

Влатко Зорба

Заминува ли од Арсенал? Озил ја продава својата куќа во Лондон

Влатко Зорба