Фудбал

Компјутер пресмета кој ќе ја освои Лигата на шампионите (ФОТО)

Останаа уште осум клубови кои ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите, по до сега невиден систем, па време е за прогнози и пресметки!

Добро познатиот портал „Euro Club Index“, кој детално се занимава со статистика и параметри важни во фудбалот, пресмета врз основа на неговата методологија и кој ќе биде победник на најважниот клупски куп во Европа, па прашање е дали тој ќе биде во право?

Според нивната проценка, најголеми шанси има Манчестер Сити (24%), но Баерн не е далеку од нив со 21% шанса да се искачи на „покривот“ на Европа.

Интересно е што овие две екипи ќе се сретнат во полуфиналето на Лигата на шампионите доколку Манчестер Сити го нокаутира Лион, односно ако Баерн е подобар од Барселона, додека трет фаворит е Пари Сен Жермен, кој игра против Аталанта. Ним им е дадена шанса од 18%, а на ривалот само 2%.

Веќе споменатата Барселона, која игра со Баерн, има процент помалк, а потоа следат Атлетико Мадрид (13%) и Лајпциг (4%), кои играат меѓусебно во четвртфиналето.

Лион има најмала шанса да ја освои Лигата на шампионите со проценка од 1%.

Развојот на настаните во Лигата на Европа, каде се игра полуфиналето, беше исто пресметано од компјутер. Најголеми шанси им се дадени на Манчестер Јунајтед, а потоа и на нивниот ривал Севиља.

Поврзани вести

Клоп откри зошто го мрази стадионот на Севиља

Две sвезди на Бундеслигата го загрозија враќањето на фудбалот

Роналдињо се враќа на фудбалот на 40-годишна возраст

Влатко Зорба

Зидан: Не е нормално Модриќ да има само една титула во Ла Лига

Никола Поповски

Јунајтед се обидува да го врати Алексис

Влатко Зорба

„Цесарица“ од 30.000 грла на „Пољуд“

Влатко Зорба