Фудбал

Конте: Не заслуживме да изгубиме

Интер остана без победа и по второто коло во групната фаза во Лигата на шампионите. „Нероазурите“ се претставија цврсто на „Камп Ноу“ против Барселона, но на крајот загубија со 1:2, а тренерот Антонио Конте не го криеше своето разочарување.

„Во големите периоди на игра, создадовме многу сериозни проблеми за голем клуб како Барса. Можеби некои од фудбалерите се уморија во второто полувреме, но ова е разбирливо со оглед на тешкиот ритам што го играме уште од почетокот на сезоната“, рече Конте.

„Сепак, убеден сум дека не заслуживме да изгубиме. Многу ми е тешко што изгубивме, но ќе се обидеме да најдеме позитивни работи и од овој натпревар“, продолжи менторот на „нероазурите“.

„Разликата во поседот на топката не беше проблем, ние едноставно игравме подиректен фудбал. Се обидовме да дејствуваме со голема брзина, што му отежна на противникот. Еден силен тим никогаш не си заминува дома среќен по пораз, и покрај добрата игра. Имаме еден бод од два натпревари, но мора да продолжиме да работиме и да не се откажуваме од патот што сме го презеле“, додаде Конте.

Поврзани вести

Гвардиола не се враќа во Баерн

Артета го испрати Гендузи во вториот тим

Мурињо очекува лоши вести за Кејн

Еспирито Санто го продолжи договорот со „волците“

Влатко Зорба

Андонова презадоволна по триумфот над Казахстан: Фантастично, одигравме одличен меч

user5

Клоп може да го замени Јоаким Лев на селекторската позиција во германската репрезентација