Фудбал

Ковач опција за позицијата во Вест Хем

Вест Хем би можел да го смени тренерот Мануел Пелегрини, доколку денеска тимот загуби од Барнли во натпреварот од англиската фудбалска Премиерлига.

Ако се случи тоа и Пелегрини биде разрешен, главен фаворит за преземање на „чеканите“ ќе биде Хрватот Нико Ковач, кој пред неполна недела се раздели со Баерн Минхен.

Во Вест Хем, посакуваа пласман во Лига Европа, но тимот во моментов е само 13-ти на табелата и пет кола нема ниту една победа. За клубот не би било ништо ново да ангажира Хрват, бидејќи екипата ја водеше и Славен Билиќ. Се шпекулира дека кандидат за наследник на Пелегрини би бил и Рафаел Бенитез, но фановите повеќе се за Ковач.

Поврзани вести

Легендарниот Гаскоњ му ставал измет во чорапите на Гатузо

Белгијците прогласија шампион и го завршија шампионатот: УЕФА им се заканува со исфрлање од Европа

Влатко Зорба

Официјално: Куман на чело на Барселона

Влатко Зорба

„Мундо Депортиво“: Нејмар по третпат ја тужи Барселона

Никола Поповски

Турција пред казна: УЕФА ја разгледува опцијата финалето на ЛШ да не се игра во Истанбул

Maja_Serafimova

Поранешен играч на Јунајтед смета дека нема место за Погба во составот

Влатко Зорба