Фудбал

Крос: Имам многу тоалетна хартија дома

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос зборуваше на „Late Night Berlin“ на германската телевизија ProSieben.

Халфот на „белите“ е под карантин, како и сите играчи на кралскиот клуб, откако беше откриен случај на коронавирус во кошаркарскиот тим на Реал Мадрид.

„Јас и моето семејство сме добри, немаме никакви симптоми“, рече тој. „Не ми е досадно. Можете да замислите како е да имате три деца дома. Важно е дека сите сме добри“, рече фудбалерот.

„Дома правам фризури, но сигурно ги правам само за жена ми“, се пошегува Крос.

Играчот од средниот ред во Мадрид откри дека заради децата секој ден јадат тестенини.

„Имам многу тоалетна хартија дома“, додаде играчот на шпанскиот тим.

Поврзани вести

Мбапе ќе зема плата колку Меси и Кристијано

Атлетико и Барселона се договорија за Суарез

Влатко Зорба

Пулишиќ се запиша во историјата на Челзи по „хет-трикот“ против Барнли

Влатко Зорба

Во август може да се одиграат некои првенства паралелно со натпреварите од ЛШ и ЛЕ

Коларов останува во Серија А, но ќе настапува за друг клуб (фото)

Никола Поповски

Избраниците на Ангеловски на тест против Австрија